Интер го обезбеди потписот на фантастичниот фудбалер на Манчестер Јунајтед

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг ќе ја продолжи кариерата во Италија.
Холанѓанецот важи за еден од најталентираните фудбалери на академијата во Манчестер Јунајтед, но со оглед на тоа што договорот нема да биде продолжен, се појавуваат голем број великани со намера да го ангажираат.
И борбата, според италијанските медиуми, ја доби Интер, кој со Чонг наскоро треба да потпише петгодишен договор.
Чонг, наводно, ќе заработува два милиони евра годишно на Меаца, вклучувајќи ги и бонусите, и по пристигнувањето веднаш ќе биде пратен на позајмица за да се стекне со дополнително сениорско фудбалско искуство.
„Верона, Парма и Сасуоло се подготвени да го доведат на позајмица“, пишуваат Италијанците.
20-годишниот офанзивен играч веќе имаше шанса да одигра неколку натпревари за првиот тим на Манчестер Јунајтед.



