Интер го стави Наинголан на пазарот
Д М8 јун 2019

Иднината на Раџа Наинголан во Интер е повеќе од несигурна.
Антонио Конте, новиот тренер на „нероазурите“, изјави дека нема да го толерира недостатокот на професионализам од неговите играчи.
Пороците на популарниот „Нинџа“ се добро познати на сите, и од таа причина Конте споделил пред раководството на тимот дека нема да се потпира на Белгиецот.
Само една година по трансферот на „Меаца“, белгискиот халф може да го напушти Интер за сума од 30 милиони евра, објави „Газета Дело Спорт“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



