Поврзи се со нас

Фудбал

Интер и Јувентус го напаѓаат Чалханоглу, бидејќи Милан не сака да ги исполни неговите услови

Интер и Јувентус се заинтересирани за трансфер на Хакан Чалханоглу во јануари, со оглед на тоа што Милан не сака да го продолжи договорот со Турчинот под подобрени услови.

Договорот на Чалханоглу со Милан истекува во 2021 година и разговорите меѓу страните за негово продолжување се комплицирани.

Овој 25-годишник во тековниот договор има годишна плата од 2,5 милиони евра, но во новиот договор побара многу поголема плата, 5-6 милиони евра годишно, пренесуваат италијанските медиуми.

Изгледа дека Милан не е подготвен да го исполни ваквото барање.

Затоа, Интер и Јувентус покажаа интерес за талентираниот играч за врска.

Италијанскиот шампион е подготвен да му го понуди на Милан, Федерико Бернардески во евентуален договор за размена во јануари.

Милан може да го продаде Турчинот во јануари, за да не го изгуби без денар на лето.

loading...

Facebook