Фудбал
Интер и Јувентус ќе ги срушат сите рекорди во Италија
Неделното дерби „d’ Italia“ меѓу Интер и Јувентус на Џузепе Меаца ќе ги сруши сите рекорди за заработка од влезници.
Интер ја засили екипата оваа сезона. Антонио Конте седна на клупата и тој сака да биде тој што ќе ја сруши низата на Јувентус од осум последователни шампионски титули.
Првата пресметка на сезоната во италијанското дерби ќе се игра на „Меаца“, при што „Газета дело Спорт“ тврди дека биле распродадени билетите за овој натпревар.
Повеќе од 75.000 навивачи се очекува да присуствуваат на натпреварот. Ова значи дека тимот ќе заработи дури 6,5 милиони евра од билетите, што е најголема бруто-добивка во историјата на Серија А.
Интересно е што 20 проценти од билетите биле купени од странство, а повеќе од 100 националности ќе бидат на Меаца в недела.
Најголемото италијанско дерби е емитувано во 200 земји низ целиот свет и јасно е дека ќе имаме вистински спектакл на овој натпревар.
Натпреварот Интер – Јувентус се игра во недела од 20:45 часот.