SportM
Фудбал

Интер и Милан го купуваат „Сан Сиро“

E R16 сеп 2025
Интер и Милан го купуваат „Сан Сиро“

Фото: tv21m

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека Интер и Милан постигнале договор за купување на стадионот „Сан Сиро“.

-Во среда ќе одиме во градскиот совет со резолуција за продажба на „Сан Сиро“, бидејќи всушност постигнавме договор со клубовите. Новиот стадион мора да биде готов до 2031 година, бидејќи УЕФА ни кажува дека нема да го смета Милано како место за натпревари од Евро 2032 ако Сан Сиро остане ваков, изјави градоначалникот  Сала за „АНСА“.

Тој додаде дека продажбата на стадионот треба да биде одобрена до крајот на месецот.

Евро 2032 ќе се одржи во Италија и Турција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.