Connect with us

Фудбал

Интер ја декласираше Рома на Олимпико, Џеко испадна џентлмен кон поранешниот клуб

Во дербито од 16. коло на италијанската Серија А, Интер ја декласира Рома на Олимпико со резултат 3:0.

Враќањето на Един Џеко во Рим и првиот дуел против неговиот поранешен клуб привлекоа големо внимание, а Един се погрижи да ги замолчи свирежите од трибините и постигна гол на овој меч.

„Нероаѕурите“ ја завршија приказната на овој меч во првото полувреме, а поведоа во 15. минута на навистина магичен начин.

Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу директно од корнер ја погоди мрежата на Рома за предност на актуелниот шампион од 1:0.

Девет минути подоцна на сцената излезе Џеко. Постигна одличен удар на асистенција Чалханоглуа и го доведе Интер со 2:0.

Од почит кон својот поранешен тим, Един не сакаше да го прослави голот, но секако не му беше удобно да ги слуша многубројните свирежи од трибините.

Точка на овој меч стави Дамфрис во 39. минута од натпреварот. Прекрасно погодува на асистенција на Бастони за 3:0.

Продолжението од натпреварот не донесе голови. Рома не успеа да се врати во мечот, па на крајот остана 3:0 за Интер.

Реклама

Facebook

Реклама