SportM
Фудбал

Интер ја одби понудата на Наполи за Икарди

Д М24 јул 2019
Интер ја одби понудата на Наполи за Икарди

Наполи ја испрати првата понуда до Интер за Мауро Икарди, но нероазурите веднаш ја одбија, која ја сметаа за многу ниска, речиси половина од тоа што го очекуваат.

Понудата од Напали за аргентискиот напаѓач изнесува 50 милиони евра, а Интер не само што ја отфрли како недоволна, туку им даде до знаење дека нема да преговараат за Икарди се додека понудата не биде 80 милиони евра.

Во Наполи се изненадени со ваквиот однос на Интер, бидејќи мислеа дека се во поповолна ситуација во однос на Јуве, кој се надева дека кон крајот на август да го донесат Икарди во Торино за само 40 милиони евра.

Моменталната вредност на Аргентинецот изнесува 80 милиони евра и дека Марота нема намера да го пушти за пониска цена бидејќи тие пари ќе му послужат за носење на Белгиецот, Ромелу Лукако од Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.