Интер му должи на Лукаку дури 50 милиони евра, а Јунајтед има многу интересен предлог

Ромелу Лукаку пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед летото 2019 година и тоа беше одличен потег за него.
Лукаку обезбедува одлични игри во Интер уште од неговото пристигнување, откако навистина не блескаше на „Олд Трафорд“. Интер и Јунајтед договорија трансфер вреден 75 милиони евра, но Интер плати само 25 милиони евра.
Кориере дело Спорт денес објави дека Интер не платил бонус од пет милиони евра откако е активирана една од клаузулите во договорот на Лукаку поради одличните игри што ги дава.
Интер им должи на „црвените ѓаволи“ дури 50 милиони евра, а англискиот клуб изјави дека повеќе не смеат да доцнат со ратите, а доколку не се во можност да го платат остатокот од парите, може да се договорат на некој друг начин.
Имено, Јунајтед рече дека Интер треба да ги вклучи Лаутаро Мартинез или Милан Шкринијар во сето ова, кои би дошле на Олд Трафорд за преостанатата сума на пари што Интер ја должи за Лукаку.
Интер во моментов се наоѓа во тешка финансиска состојба и челниците на клубот се обидуваат да најдат спонзори со цел „да застанат на нозе“.



