SportM
Фудбал

Интер му понуди на Баерн неверојатна размена

Д М16 авг 2020
Интер му понуди на Баерн неверојатна размена

Раководството на Интер му понуди на Баерн Минхен прилично неверојатна размена на играчи.

Според „Спорт Медијасет“, челниците на италијанските гиганти им ги понудиле на Баерн, Иван Перишиќ (моменално на позајмица во Баерн) и Марсело Брозовиќ, а за нив ги бараат Давид Алаба и Корентино Толисо.

Перишиќ обезбедува добри игри за Баерн и клубот би сакал да го задржи во своите редови. Покажаа и интерес за Брозовиќ, па нероаѕурите сакаат да го искористат тоа.

Сепак, тешко е да се верува дека Баерн би можел да се согласи на размена како оваа. Се чини дека тие сакаат малку премногу и тие сигурно ќе бидат одбиени.

Баерн е подготвен да се откаже од Толисо. Алаба сепак вели „не“ и преговорите се водат со него за нов долгорочен договор и сите се сомневаат дека тоа ќе се случи наскоро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.