Интер повторно го бара Лука Модриќ
Д М8 окт 2018

Италијанскиот великан Интер го обнови интересот за хрватскиот фудбалер од Реал Мадрид, Лука Модриќ и ќе се обиде да го оствари неговиот трансфер во јануари.
Иако Реал летово му се закани за Интер со тужба кај ФИФА бидејќи преговарал со Модриќ без дозвола на клубот од Мадрид, „Нероазурите“ се подготвени повторно да обидат.
Интер сака да ја искористи ситуацијата во Реал, односно незадоволството на Модриќ со атмосферата со соблекувалната и тренерот Лопетеги, кој често го ротира и го става на клупата за резерви, пишува Калчомеркато.
Најдобриот фудбалер на светот сакаше да прејде во Милано, дури и ги договори личните услови, но Реал не дозволи и тој да замине, по преминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



