SportM
Фудбал

Интер се вмеша, ја расипа работата на Барселона, и носи чудо од Франција!

Д М12 јун 2019
Интер се вмеша, ја расипа работата на Барселона, и носи чудо од Франција!

Интер ја обезбеди основната цел за оваа сезона, а тоа е дефинитивно пласманот во Лигата на шампионите, која го обезбедија во последниот круг.

И додека го чекаме потписот на Един Џеко за тројниот шампион во Европа, медиумите од Апенините носат вести дека Интер го доведува сјајниот играч на Сошо, Лусиен Агуме.

Англиските и шпанските клубови, наводно, биле подготвени да платат шест милиони евра за неговите услуги. Интер одлучи да ја изедначи оваа понуда, постигнаа договор и младиот играч, според некои информации веќе е на пат кон Милано.

Сега треба да ги заврши медицинските прегледи и да потпише соработка со клубот до јуни 2020 година. Иако има 17 години, во Франција го споредуваат со Паол Погба, а во оваа сезона имал 16 настапи во дресот на Сошо.

Беше голема желба на менаџерот на Барселона, но овој тинејџер изгледа дека го избра Интер како нова дестинација во својата кариера и клуб во кој смета дека може да постигне најголем напредок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.