SportM
Фудбал

Интер со пресврт до победа над Тотенхем, Барселона убедлива против ПСВ

Д М18 сеп 2018
Интер со пресврт до победа над Тотенхем, Барселона убедлива против ПСВ

Навивачите на Интер чекаа седум години да се вратат во Лигата на шампионите, а вечерва присуствуваа на вистинско шоу на „Џузепе Меаца“.

„Нероазурите“ победија со 2:1 против Тотенхем по драма и голови на Мауро Икарди (86) и Матијас Весино (93).

Пред тоа, Кристијан Ериксен донесе предност за тимот од Премиер лигата, кој играше доста подобро во поголемиот дел од дуелот и малкумина мислеа дека на крајот ќе си замине со празни раце.

Барселона го победи ПСВ со 4:0 во вториот дуел од групата „Б“, одигран на стадионот „Камп Ноу“.

Фудбалерите на тренерот Ернесто Валверде стигнаа лесно до победата, откако Лионел Меси запиша „хет-трик“, а еден погодок постигна Усман Дембеле

На тој начин, Барса ја предводи групата со три бода поради подобра гол разлика од тимот на Лучано Спалети

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.