Интер веќе е подготвен да го продаде Ериксен?

Кристијан Ериксен го напушти Тотенхем по месеци, па дури и една година шпекулации. Петелите сфатија дека Данецот веќе не сака да остане во Лондон, па го искористија „последниот воз“ за да заработат барем малку пари од неговиот трансфер.
Интер беше најконкретен и го донесе одличниот играч од средниот ред за 20 милиони евра.
Сепак, Ериксен сè уште не се прилагодил на Интер и новиот град, тој дури и не се сместил како што треба, а „Нероазурите“ би можеле да го продадат.
Денес се појавија информации дека Интер е подготвен да го продаде Ериксен ова лето доколку пристигне соодветна понуда на „Меаца“ – 60 милиони евра.
Јасно е дека Ериксен не ги исполни очекувањата во првата половина од сезоната.
Во меѓувреме, тренерот Конте го предупреди дека веќе не игра во Англија и дека мора да започне што поскоро да се навикне на италијанскиот фудбал. Исто така, се шпекулира дека Ериксен никогаш не бил желба на Конте, туку желба на лидерот на клубот и дека италијанскиот стратег се уште е „загреан“ за евентуален трансфер на Артуро Видал.
Се верува дека Конте е подготвен да го „протресе“ тимот по слабиот втор дел од сезоната, што може да резултира со ставање на околу 10 играчи на трансфер-листата. Еден од нив очигледно би можел да биде Ериксен.
Во случај навистина да го продаде Ериксен за 60 милиони евра, Интер би остварил голема добивка, така што би имал многу средства за нови трансфери …



