Connect with us

Фудбал

Интер во одличен натпревар го победи Наполи

Во дербито од 13. коло на италијанската Серија А, Интер на „Џузепе Меаца“ го совлада тимот на Наполи со резултат 3:2.

Во навистина одлична партија, италијанскиот шампион го победи Наполи, кој вечерва го доживеа првиот пораз сезонава.

Гостите подобро влегоа во натпреварот. Зиелински погоди во 17. минута за водство од 1-0, но до крајот на првиот дел Интер дојде до пресврт.

Во 25. минута беше досуден пенал за домашната екипа. Хакан Чалханоглу погодува за 1:1, а турскиот фудбалер е заслужен и за вториот гол на домашната екипа.

Чалханоглу постигна одличен гол од корнер, а Иван Перишиќ е на вистинското место и погодува за 2:1.

Лаутаро Мартинез погоди за 3:1 во 61. минута и се чинеше дека се е решено на овој натпревар.

Сепак, во 78. минута Наполи се врати. Џеко погреши и ја загуби топката, а Дрис Мертенс погоди феноменално за 3:2 и Наполи се врати во игра.

Сепак, до крајот на натпреварот немаше промена на резултатите. Остана 3:2 иако Наполи имаше неколку трикови за да избегне пораз и да освои барем бод.

Интер сега заостанува четири бода зад Наполи, кој и понатаму е прв на табелата со 32 освоени бода.

Реклама

Facebook

Реклама