SportM
Фудбал

Интер во потрага по замена за Лукаку, Конте гледа кон поранешниот миланист!

Д М7 ное 2019
Интер во потрага по замена за Лукаку, Конте гледа кон поранешниот миланист!

Интер бара замена за Ромелу Лукаку и Лaутаро Мартинез, затоа што покрај младиот Еспозито нема друг напаѓач на клупата.

Политано повеќе игра на крилна позиција, па Конте го повикува раковотството да се приближат до напаѓачот во јануари. Имињата се на бирото на Марота, првиот е Жиру. Сепак, напаѓачот на Челзи тешко може да ја прифати клупата на „Сан Сиро“, па Конте има на ум уште еден играч.

Станува збор за Андреа Петања. Поранешниот напаѓач на Милан е главна мета за Конте, и Марота ќе направи се за да го врати во Милано, но овој пат во другиот градски тим.

Петања стана лидер во Спал и покажа добра форма. Дефинитивно ова е лесна цел за Интер доколку не покаже уште некој друг клуб интерес за него.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.