Инцидент на клупата на Реал Мадрид: Фудбалерот арогантно реагираше кон Анчелоти

Реал Мадрид вчера го совлада Алкојано со 3-1 во осминафиналето на Купот на кралот.
Избраниците на Карло Анчелоти ја завршија работата во финишот на натпреварот, а во 86. минута од натпреварот дојде до конфликт на клупата на Кралевите.
Главната улога ја имаше фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Тој беше фатен од камерата како дрско реагира кон тренерот Анчелоти.
Овој фудбалер непосредно пред да влезе во игра имаше жолта минута и доста жестоко реагираше кон својот тренер.
Себаљос одмавна со раката и беше видно лут, а Анчелоти се обиде мирно да реши се.
👀 ¡OJO A ESTAS IMÁGENES!
😡 Enfado y desplante de Ceballos a Ancelotti, instantes antes de salir a jugar en Alcoy
🚨 A las 14h en el #Golazo, la secuencia completa
😬 Va a dar mucho que hablar… pic.twitter.com/cHWN95D9Yr
— GolStadium (@Gol_Stadium) January 6, 2022
За Дани Себаљос ова беше реванш по пет месеци отсуство поради повреда, а Италијанецот пред овој меч изјави дека во вториот дел од сезоната смета на Себаљос.
„Ми се допаѓа како човек. Тој е лик на теренот. Тој ќе биде важен дел од тимот во вториот дел од сезоната“, изјави Анчелоти.



