Иранец во дресот на Еурофарм Пелистер
E R24 јул 2025

Фото: tv21m
Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, соопшти денеска битолскиот клуб.
Станува збор за 34-годишен голман, кој во својата земја е голема спортска ѕвезда, а во Битола доаѓа белградски Партизан, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која „црно-белите“ ја освоија во сезоната 2024/25.
Хеидарирад долги години е во Европа, настапувајќи претходно за романскиот гигант Динамо Букурешт со кој освои многу трофеи.
Иранскиот голман потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на крајот од јули.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



