Исак од пенал во 90 + 6 за победа на Сосиедад

Во последниот натпревар од 30. коло на Ла Лига, Реал Сосиедад успеа да дојде до трите бода против Еспањол со гол буквално во последните моменти од натпреварот.
Тимот од Баскија се бори некако да се најде во Лигата на шампионите следната година. Да не победеше против Еспањол, веројатно немаше повеќе да размислува за тоа. Така, со шест бода помалку од Барселона, Атлетико и Севиља на осум кола пред крајот имаат на што да се надеваат.
И донесе надеж, а кој друг ако не Исак. Шведскиот репрезентативец беше ладнокрвен во шестата минута од продолжението и реализираше пенал за победа од 1-0. Во претходниот дел од натпреварот Еспањол одлично се бранеше, но имаше и среќа кога голот на Серлот беше поништен само на асистенција на ВАР во 51. минута поради прекршок. Сепак, во Сан Себастијан на крајот останаа три бода, како и сонот за Лигата на шампионите.



