Ист старт, но различен исход: За играчот на Јувентус црвен, за играчот на Интер не!

Јувентус е клуб кој има репутација на фаворит кај италијанските судии, но одредени ситуации можат да покажат дека не е така.
На дуелот против Кротоне, Федерико Киеза доби црвен картон по несовесниот фаул на Лука Цигарини.
Судијата Форнау воопшто не размислуваше премногу, па веднаш ја испрати последната аквизиција на Старата дама под туш, оправдано за многумина.
За време на мечот Џенова – Интер Лаутаро Мартинез исто така направи старт. Го фаулира Голданиг со отворена копачка, но не беше исклучен.
Судијата на тој натпревар имаше малку поинаков критериум и реши да го поштеди Аргентинецот иако можеше да го исклучи исто како Форнау Киеза.
https://twitter.com/i/status/1320062729621803008
Два практични идентични стартови кои на некој начин покажуваат дека Јувентус не е единствениот што има судиска наклонетост, туку дека судиите внимаваат и на другите клубови.



