Connect with us

Фудбал

Истанбул во транс, стигна италијанскиот голгетер (ВИДЕО)

Искусниот италијански голгетер Чиро Имобиле доцна синоќа пристигна во Истанбул, каде и официјално да стан нов фудбалер на Бешикташ, а на аеродромот го пречекаа членови на раководството на „црно-белите“ и околу илјада навивачи. Потпретседателот на клубот Хусеин Јуџел и членот на Управниот одбор Фејаз Учад го пречекаа 34-годишниот Италијанец кој пристигна од Рим со чартер лет.

Во својата богата кариера, Имобиле меѓу другите играше за Јувентус, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд, Севиља и споменатиот Лацио. За италијанската репрезентација со која ја освои титулата европски првак во 2021 година настапи 57 пати и постигна 17 гола.