Фудбал
Историјата е испишана, ова е најмалата држава која ќе игра на Светското првенство!
Историјата е испишана! Курасао стана најмалата држава во историјата што изборила пласман на Светското првенство во фудбал, со ремито во последното коло од квалификациите против фаворизираната Јамајка.
Државата со само 150.000 жители, поранешна холандска колонија, веќе ја освои симпатијата на целиот свет и имаше многу повеќе навивачи во дуелот против Јамајка, бидејќи многу неутрални фанови навиваа за неа.
Таа стана убедливо најмалата земја во историјата што се пласирала на Светското првенство.
Курасао претежно е составена од играчи од холандската Ередивизија, а многумина се играчи кои настапуваат низ Европа. И претходно имавме случаи кога три или четири играчи играа во англиската Премиер лига, како што се Вурнон Анита (Њукасл), Коко Мартина (Евертон), Леандро Бакуна (Кардиф), Џунинго Бакуна (Хадерсфилд)…
Нацијата со само 156.115 жители го надмина Исланд како најмалата држава што некогаш се пласирала на најголемиот турнир на планетата 👏🇨🇼
Во последното коло ги очекуваше најтешкото гостување во групата — селекцијата на Јамајка. Јамајка мораше да победи, додека на Курасао му одговараше и бод.
На крајот заврши 0:0, иако можеше да има голови на двете страни. На Курасао му помогна и црвениот картон на Џонатан Расел во дресот на Јамајка во финишот на натпреварот.
Тоа значи дека Курасао избори пласман на Светското првенство и ќе постави рекорд кој тешко дека некој ќе го урне во скоро време.
Иако е мала земја, далеку од тоа дека нејзините фудбалери се аматери — сите се професионалци кои најчесто играат во Холандија, па затоа Курасао ќе биде „незгоден противник“ на Мундалот за многумина.