ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: ФК Црвена Звезда го МЕНУВА ГРБОТ!

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда ќе има нов грб.

Имајќи во предвид дека црвено-белите ја одбраниа титулата, и дека тие се признаваат и дека им е призната онаа од 1946 година, дојде до јубилејниот 30 шампионски трофеј во државните првенства, а со тоа и право да носат амблем со три златни ѕвезди, наместо сегашните две.

Клубот од “Маракана”, одлучи во изборот на нов графички идентитет да се вклучат сите оние кои се членови на Црвена Звезда, а на членството, меѓу другите бенефиции, ќе им се овозможи тродневно гласање преку мобилна апликација и тоа на 28, 29 и 30 јуни.

Тогаш тие ќе бидат понудени три нови решениа, а гласовите на членовите на клубот ќе го изберат новиот грб на актуелниот шампион на Србија.

„Зачленување и обновување може да се врши во просториите на службата за членство во “Рајко Митиќ”, но исто така и преку интернет, преку официјалниот сајт на клубот. Цената на членство за возрасни е илјада динари, деца од 15 до 18 години плаќаат половина членарина, а за деца слободно“, соопштија од Црвена Звезда.