SportM
Фудбал

Италија е љубовта на мојот живот, се надевам дека навивачите ќе ми простат“, Манчини го почнува враќањето кај „Аѕурите“ со нежни тонови

SPORTM.mk30 јул 2026
Италија е љубовта на мојот живот, се надевам дека навивачите ќе ми простат“, Манчини го почнува враќањето кај „Аѕурите“ со нежни тонови

На првата прес-конференција по враќањето на чело на италијанската репрезентација, Роберто Манчини побара прошка за заминувањето пред три години и откри зошто дојде до таа одлука.

„Сакав да ве поштедам од непријатности, бидејќи си замислувам дека сите сакате да го поставите истото прашање. Она што се случи пред три години беше недостаток на комуникација помеѓу претседателот Габриеле Гравина и мене, бидејќи ако зборувавме лице в лице, работите ќе одеа поинаку“, рече Манчини.

61-годишниот признава дека заминувањето од Италија беше грешка и големо недоразбирање за кое жали. „Тоа е како да ја изгубиш љубовта на својот живот. Ќе се потрудам тимот да игра толку добро што навивачите ќе ми простат“, додаде Манчини.

Кај италијанските навивачи и не само, имаше извесно разочарување кога слушнаа за враќањето на Манчини. Сепак, тој има јасни идеи и ветува дека ќе го врати фудбалот кој го направи неговиот тим на ЕУРО 2021, каде што го освои и шампионскиот титул.

„Сакам да изнесам тим способен да го направи она што го направивме во 2021 година. Екипата е тука, талентот е тука, а и младите исто така, така што играњето добар и позитивен фудбал е нашата цел“, истакна Манчини.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.