SportM
Фудбал

ВИДЕО: Италија ја „потопи“ Турција на отварањето на Европското првенство

Д М11 јун 2021
ВИДЕО: Италија ја „потопи“ Турција на отварањето на Европското првенство

Конечно започна долго очекуваното Европско првенство, а на воведниот натпревар во Рим, силите ги одмерија Италија и Турција.

Италија и Турција ни приредија одличен натпревар исполнет со шанси и голови. Несомнено „Азурите“ доминираа на натпреварот и на крајот заслужено славеа со 3:0.

Италија прва се закани по голот на Турција преку Џорџо Киелини. Дефанзивецот на Јувентус се избори за простор во шеснаесетниокт и упати удар со глава. Топката одеше под пречката, но Чакир успеа да го одбрани ударот.

На крајот на на првото полувреме се случи една контроверзна ситуација со ВАР. Дефанзивецот на Турција играше со рака во шеснаесетникот, но судијата не покажа на белата точка.

Конечно првиот гол на овогодинешното Европско првенство дојде во 53. минута од натпреварот. Берарди упати центаршут, но топката се одби од Демирал и заврши во неговата сопствена мрежа.

Италија го зголеми водството на 2:0 во 66. минута од натпреварот, автор на голот беше Имобиле.

„Азурите“ доминираа во секое поле, Турција не успеа да упати ниту еден шут кон голот на Италија, но затоа пак Инсиње во 79. минута од натпреварот ги постави конечните 3:0.

На самиот крај од натпреварот, Бурак Јилмаз имаше одлична шанса за 3:1, но сепак неговиот шут беше блокиран и натпреварот заврши со победа на Италија од 3:0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.