Connect with us

Фудбал

Италија, Турција, Данска или Украина-кој ќе биде противникот на Македонија во полуфиналниот бараж за СП?!

По поразот од 7:1 од Велс, Македонија го загуби второто место во групата, па полуфиналето од баражот за пласман на СП, обезбеден преку Лига на нации, ќе го дочека од четвртиот “шешир”. Тоа значи дека на жрепката која ќе се одржи во четврток во Цирих ќе може да добие противници од првиот “шешир”, а таму се селекциите на Италија, Турција, Данска и Украина. Без разлика кој ќе биде противникот Македонија ќе биде гостин.