SportM
Фудбал

Италијански гигант на продажба за „мали“ пари

E R29 дек 2019
Италијански гигант на продажба за „мали“ пари

Американската група „Фридкин“ ќе го купи главниот удел на Рома. Сепак, цената е пониска од очекуваната. Според „Месаџеро“, договорот ќе биде за 780 милиони евра, а првично беше објавено дека сегашните сопственици бараат 800 милиони фунти.

Италијанскиот весник тврди дека продажбата на „волците“ е во завршна фаза, а решавачките преговори се одвивале во деновите околу Божиќ.

Од 2012 година „џалоросите“ се во сопственост на американскиот бизнисмен Џејмс Палота, кој најверојатно ќе остане како малцински акционер во клубот.

Плановите за продажба на Рома нема да вклучуваат планови за нов стадион за клубот, бидејќи сè уште не е добиена официјална дозвола од надлежните.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.