Италијанските клубови може да загубат 700 милиони евра поради коронавирусот

Клубовите во Серија А би можеле да загубат и до 700 милиони евра доколку остатокот од оваа сезона не би можел да биде комплетиран, пренесува италијанскиот весник „Ла Репблика“.
Италијанската елитна лига е суспендирана поради коронавирус, заразна болест позната како COVID-19.
Остануваат уште 13 кола до крајот на оваа сезона во Серија А.
Засега се предлага да се продолжи сезоната на 2 мај, а да заврши на 30 јуни.
Сепак, не може да се донесе одлука се додека УЕФА не го одржи својот клучен состанок во вторник, каде ќе одлучи за судбината на Европското првенство 2020 година и како е најдобро да се комплетираат натпреварите во Лигата на шампиони и Лига Европа.
Италијанскиот весник пренесува дека италијанските клубови ќе изгубат 700 милиони евра во телевизиските права ако не завршат натпреварите во Серија А, Купот на Италија и европските првенства.
За клубовите се вели дека бараат помош од Владата и Министерството за спорт доколку тоа се случи.



