Италијанските великани водат голема битка поради еден играч

Една од најталентираните млади дефанзивци во Европа е 18-годишниот фудбалер на Цирих, Бекир Омерагиќ.
Овој одличен млад фудбалер игра навистина фантастично и е стандарден прв тимски играч на швајцарскиот тим, тој изгледа навистина феноменален на теренот, па не е ни чудо што понудите доаѓаат од сите страни.
Скоро е сигурно дека Цирих нема да може да се спротивстави на понудите што доаѓаат за Омерагиќ од сите страни подолго време. 18-годишниот фудбалер би можел да ја продолжи кариерата во Италија, а најголемите клубови од оваа земја покажуваат интерес за него.
Јувентус, Милан и Рома ќе се обидат да го ангажираат Омерагиќ во следниот трансфер прозорец. Извидниците на овие тимови веќе подолг период го следат развојот на талентираниот Босанец и тие ќе се борат со сите сили за неговиот потпис.
Ќе видиме што ќе одлучи Омерагиќ на крајот, но сосема е сигурно дека иднината на фудбалот е светла за овој човек.



