SportM
Фудбал

Италијанците беа изненадени кога слушнаа како Погба ќе го открие името на новиот клуб

Д М16 јун 2022
Италијанците беа изненадени кога слушнаа како Погба ќе го открие името на новиот клуб

Францускиот репрезентативец Пол Погба наскоро би требало да го открие името на новиот клуб.

Погба по шест години реши да го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот, а не успеа да се договори со „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката.Играчот од средниот ред одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата, а наскоро треба да го објави името на новиот клуб.

 

Погба имаше понуда да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити која ја одби бидејќи очигледно решил да се врати во Јувентус. Наводно се договорил со Старата дама и договорот ќе биде потпишан на почетокот на јули.

 

Французинот најдобрите денови во кариерата ги помина во Јувентус, а за него немаше дилеми кога ќе потпише откако пристигна понудата на Старата дама.

 

Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека Погба решил на интересен начин да го открие името на новиот клуб, а наводно тоа ќе го направи во петок кога ќе ги реши сите дилеми околу својата иднина.

 

Наводно, Погба во својот документарен филм „The Pogmentary“ што се емитува на Амазон во петок ќе открие дека се враќа во Јувентус и ќе објасни зошто решил да се врати во клубот од Торино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.