SportM
Фудбал

Избрани се 25 најдобри фудбалери во последните 25 години и само еден е од Балканот

Д М24 апр 2020
Избрани се 25 најдобри фудбалери во последните 25 години и само еден е од Балканот

Фудбалскиот магазин „FourFourTwo“ ги избра најдобрите 25 фудбалери во последните 25 години.

Списокот го водат двете најголеми sвезди во моментот, Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус), по што следат Зинедин Зидан, а потоа следат Роналдо, Роналдињо, Тиери Анри, Чави, Андрес Иниеста, Паоло Малдини и Роберто Баџо.

Само еден играч од Балканот е вклучен во списокот со 25 најдобри во последните 25 години, а тоа е репрезентативецот на Хрватска и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Целосниот список е подолу:

1. Лионел Меси
2. Кристијано Роналдо
3. Зинедин Зидан
4. Роналдо
5. Роналдињо
6. Тиери Анри
7. Чави
8. Андрес Иниеста
9. Паоло Малдини
10. Роберто Баџо
11. Ривалдо
12 Ф. Фабио Канаваро
13. Рајан Гигс
14. Кака
15. Вејн Руни
16. Луис Фиго
17. Габриел Батистута
18. Ерик Кантона
19. Лука Модриќ
20. Серхио Бускетс
21. Раул
22. Пол Сколс
23. Ромарио
24. Серхио Рамос
25. Џанлуиџи Буфон

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.