Connect with us

Фудбал

Издаден налог за апсење на поранешната ѕвезда на Баерн и Јувентус, клубот веднаш му го раскина договорот

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста се најде во сериозни проблеми откако судот во Порто Алегре издаде налог за негово апсење поради неплатена алиментација во износ од половина милион реали (околу 78 илјади евра), пренесува Gazzetta dello Sport.

Слична ситуација му се случи и пред две години, додека настапуваше за Лос Анџелес Галакси во МЛС-лигата, кога беше осуден на 30 дена затвор.

Токму од тој период потекнува и важечкиот налог за апсење, кој останува на сила до крајот на 2025 година, и ѝ овозможува на полицијата и на судските службеници да го приведат во било кој момент.

Неговите неволји тука не завршуваат. Австралискиот клуб Сиднеј ФК, со кој потпиша минатата година, објави дека договорот е спогодбено раскинат.