Фудбал
Издржа срце јуначко во Гент, Македонија непоразена, останува лидер на табелата!

Македонија се враќа непоразена од гостувањето од Гент. Против Белгија, фаворитот во групата одигра 0:0. Се редеа шанси пред голот на македонската репрезентација, но Столе Димитриевски со неколку фантастични интервенции го сочува голот. Мора да се признае дека и среќата беше на наша страна, бидејќи белгијците не реализираа неколку добри шанси за гол. Белгија имаше 25 удари кон нашиот гол, пет во рамките од голот, сите ги фати Столе Димитриевски. Разликата во поседот на топката, 78% наспроти 22% во корист на Белгија, доволно говори што беше целта на селекторот Милевски. Да се оди на 0:0 од самиот почеток, со обиди да се изненади од контра. Првото успеа, второто не, но како и да е Македонија останува на првото место на табелата. Сега следува Казахстан во понеделник во Скопје, каде се надеваме дека пред полни трибини ќе „пукнат“ три бода, а потоа со Велс во ноември на гостински терен да се надигруваме за директен пласман на СП, зошто да не. Но, прво да помине мечот со Казахстан, но да видиме како ќе заврши и пресметката во понеделник помеѓу Велс и Белгија, па потоа ќе се прават математики.