Изгледа дека Артета сака фановите да го мразат: Сака да го продолжи договорот на омразениот играч меѓу „топџиите“

Арсенал конечно започна да игра многу подобро по многу лошиот старт на сезоната, откако се врати по паузата поради коронавирусот.
„Топџиите“ забележаа неколку победи, и се вратија во трката за место кое води во Лигата на шампионите.
Иако ќе биде многу тешко да дојде до една од првите четири места, но и петтото место што може да води до ЛШ, Артета смета дека сè е процес, и подготвува измени за следната сезона.
Фановите се надеваат дека Шпанецот ќе избрка некои играчи, а меѓу нив е и Мустафи, кој игра очајно, но играше навистина одлично во последно време.
Се чини дека Артета имаше огромно влијание врз неговата игра, што не им се допадна на навивачите на Арсенал кои сакаат тој да си замине.
Мустафи се смести во првиот тим, игра многу добро, а тоа би можело да значи нов договор за него затоа што неговиот сегашен истекува во 2021 година.



