Connect with us

Фудбал

Изгледаа несопирливи, но ПСЖ нокаутиран во финалето, Челзи крунисан за прв Светски клупски првак! (ВИДЕО)

ПСЖ изгледаше несопирливо, а особено по убедливата 4:0 победа против Реал Мадрид во полуфиналето, сите мислеа дека освен пехарот во ЛШ, токму тие ќе бидат освојувачи на првото Светско клупско првенство. Но, во финалето вечерва се нокаутирани. Челзи е крунисан за светски првак, откако славеше со 3:0. Играч на мечот беше Кол Палмер кој постигна два гола и му асистираше на Жоао Педро за 3:0. Сепак, се чини дека најзаслужен за оваа победа е стратегот Енцо Мареска кој постави одлична против игра на ПСЖ и Луис Енрике, нешто што не им успеваше на многу тренери со позвучни имиња од него.

Ова е втор пехар за Челзи и Мареска оваа година, ако се знае дека пред неколку недели го освоија пехарот во Конференциската лига на УЕФА. На ПСЖ му преостанува уште една битка за трофеј, повторно против англиски тим, Тотенхем на 13-ти авгус во УЕФА супер купот.