Connect with us

Фудбал

Изјавата на Рангник за Роналдо ги загрижи навивачите: „Не е моја одлука…“

Манчестер Јунајтед вчера во 32. коло од англиската Премиер лига го совлада Норич со 3:2, а сите три гола ги постигна одличниот Кристијано Роналдо.

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, го пофали Кристијано Роналдо за неговиот 60-ти хет-трик во кариерата, а потоа доби едно многу поважно прашање.

Запрашан дали Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона, Рангник рече дека одлуката целосно ќе падне на новиот тренер на „црвените ѓаволи“, кој најверојатно ќе биде Ерик тен Хаг, актуелниот тренер на Ајакс.

Ерик тен Хаг не би сакал португалска ѕвезда во својот тим, па деновите на Роналдо во Манчестер Јунајтед би биле избројани. Договорот на Португалецот истекува во летото 2023 година, но меѓународните медиуми објавија дека тој го ангажирал својот агент Жорге Мендеш да му најде нов клуб.

„Ова не е одлука што треба да ја донесам. Кристијано има уште една година од договорот. Тоа ќе биде одлука на новиот тренер и раководството“, изјави Рангник на прес-конференцијата и додаде:

„Тој против Тотенхем и на денешниот натпревар (вчерашниот натпревар со Норвич, цит.) покажа дека е играч кој може да направи разлика на вакви натпревари, во такви моменти и не случајно е најдобриот стрелец во историјата. Сега повторно го покажа тоа“.

Да потсетиме, Кристијано Роналдо летово се врати во Манчестер Јунајтед од Јувентус, но не оди според планот. Клубот испадна од сите натпреварувања, а води голема битка во лигата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Реклама

Facebook