SportM
Фудбал

Изјавата на Роналдо воопшто нема да му се допадне на Алегри

Д М21 окт 2019
Изјавата на Роналдо воопшто нема да му се допадне на Алегри

Кристијано Роналдо верува дека Јувентус се сменил на подобро со Маурицио Сари.

„Се подобривме, јас сум задоволен од тоа како се одвиваат работите“, рече Кристијано Роналдо пред утрешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Роналдо има постигнато пет гола на првите девет натпревари за Јуве со Сари на кормилото, при што Португалецот ја ужива слободата што ја има.

„Ние направивме одлична работа со Алегри, но ние сме уште подобри сега кога дојде Сари. Мојата позиција се смени, но јас се обидувам да останам таму каде што се чувствувам најдобро и сакам да имам слобода на движење“.

„Мора да се бориме оваа сезона за да ја освоиме Лигата на шампионите. Индивидуалните награди не се важни за мене а ако освојам, заслугата им оди на сите играчи“, тврди Роналдо.

Тој неодамна го помина магичниот број од 700 постигнати голови …

„Седумстотини голови беа во минатото. Сега мора да размислиме за следните работи. Како што реков претходно, личните записи не се најважната работа. Сакам да освојам трофеи со Јувентус и Португалија“, додаде тој на крајот.

Јувентус утре со почеток во 21 часот ќе ја пречека Локомотив Москва, а во моментов е водечки тим во Д групата со четири бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.