Измерена висината на Халанд по пристигнувањето во Манчестер: „О Боже, повторно пораснав“

Новото видео на Манчестер Сити дава увид во медицинскиот преглед на Ерлинг Браут Халанд и првата посета на теренот откако пристигна во Англија.
Халанд вчера беше официјално претставен како нов играч на Сити. Тој потпиша долгорочен договор откако беше активирана откупната клаузула од 60 милиони евра со Борусија Дортмунд.
„Ова е горд ден за мене и моето семејство. Отсекогаш сум ги гледал натпреварите на Сити. Не можете а да не му се восхитувате на нивниот начин на игра, возбудливо е да ги гледате и тие создаваат многу шанси“, беа првите зборови на Халанд. .
„Во овој тим има многу играчи од светска класа и Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери на сите времиња, па мислам дека сум на вистинското место“, додаде Норвежанецот.
Интересен момент настанал кога лекарите од клиниката во Манчестер каде што му вршеле лекарски прегледи му ја измериле висината.
Халанд прашал колку е висок, а кога му одговориле „195,2 сантиметри“, тој извикал: „О Боже, пораснав“. Минатото лето Халанд изјави за VG дека е висок 194 сантиметри.
Тој, исто така, изјави за Виаплеј пред една година дека се здебелил осум килограми, од 86 на 94, откако пристигнал во Борусија Дортмунд во јануари 2020 година. Халанд рече дека одработил многу тренинзи за сила без тегови.



