SportM
Фудбал

Израелските фудбалски клубови бараат одложување на евро-натпреварите

Д М16 окт 2023
Израелските фудбалски клубови бараат одложување на евро-натпреварите

Фото: IMAGO/Beautiful Sports

Во заедничко писмо до Европската фудбалска федерација (УЕФА), израелските фудбалски клубови Макаби Тел Авив и Макаби Хаифа побараа одложување на претстојните европски натпревари.

Макаби Хаифа игра во Лигата на Европа, во групата Ф, а побара и одложување на третото коло во кое му гостува на шпански Виљареал.

Истото го побара и Макаби од Тел Авив, кој игра во Конференциската лига, во групата Б, а кој во третото коло треба да се сретне со украинска Зорја.

Двата меча се закажани за 26 октомври.

„Инициравме барање за одложување, поради војната, која во моментов трае во Израел. Ова е најмалку што може да направи УЕФА за нас во овој момент, во овие тешки моменти, кога многу наши луѓе се на бојното поле“, се вели во соопштението кое двата израелски клуба го испратија до Европската фудбалска организација.

Се додава дека клубовите имаат поддршка и од Фудбалскиот сојуз на Израел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.