Извлечени паровите за осминафиналето во македонскиот фудбалски Куп
Д М16 сеп 2022

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево со жрепка ги одреди паровите за осминафиналето во националниот куп.
Бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров одбраната на титулата ќе ја почне на гостински терен против прилепска Победа.
Во преостанатите натпревари се среќаваат Струга Трим Љум – Работнички, Брегалница – Пелистер, Вардар – Фортуна, Академија Пандев – Љуботен, Шкупи – Воска, Шкендија – Скопје и Тиквеш – Силекс
Осминафиналните натпревари ќе бидат одиграни на 5. октомври со почеток во 14. часот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



