Ја исфрлија од фудбалот поради експлицитна снимка, а сега заработува 660.000 евра годишно и им се смее в лице (ФОТО)

Животот на Елиф Карарслан, млада и амбициозна турска фудбалска судијка, се сврте наопаку во октомври 2024 година.
Во јавноста тогаш протече експлицитна видео-снимка која наводно ја прикажувала во интимен однос со 61-годишниот Орхан Ердемир, поранешен ФИФА судија и угледен контролор во Фудбалскиот сојуз на Турција.
Скандалот беше моментален и разорен, не само поради природата на снимката, туку и поради големата разлика во години меѓу двајцата актери. Следуваше итна дисциплинска постапка, па Ердемир беше отстранет од одговорната позиција, бидејќи можел директно да влијае врз делегирањето на Елиф Карарслан на натпревари, што отвори бројни прашања за судир на интереси и злоупотреба на функцијата.
Реакцијата на ФС на Турција беше брза и немилосрдна. И двајцата беа суспендирани. Елиф Карарслан беше казнета со 90, а Орхан Ердемир со 45 дена забрана за вршење на должност. Потоа дисциплинската комисија на ФС на Турција донесе конечна одлука што ја шокираше спортската јавност во земјата – и двајцата беа доживотно исфрлени од фудбалот, со што нивните кариери беа запечатени.
Среде медиумската бура во држава како Турција, Карарслан не се исплаши ниту потклекна. Одлучно излезе во јавноста и ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека снимката што кружи на социјалните мрежи е вештачка монтажа, создадена со помош на вештачка интелигенција, со единствена цел да го уништи нејзиниот углед.
Таа ангажираше адвокатски тим кој издаде соопштение во кое се наведува дека видеото е со исклучително лош квалитет и дека „јасно се гледа дека сликата не е чиста и дека целото видео е обработено на компјутер“. Самата Елиф се огласи со емотивна, но борбена порака на социјалните мрежи:
„Плачењето, врескањето и тагата не се мој начин на справување со овој проблем. Тоа не сум јас. Пред мене е долг правен пат, но ќе го поминам на најсилен можен начин. Ќе ја бранам мојата цел до крај. Јас сум само една од многуте на кои им се нанесува штета, се надевам дека ќе бидам и последна.“
Скандалот ја вивна нејзината популарност во небо. Пред „случајот“ беше позната на Инстаграм поради својата работа, но и, како што пишуваа турските медиуми, по „впечатливиот изглед“. Откако приказната експлодираше, бројот на нејзини следбеници порасна на повеќе од половина милион.
По сè, како што пишуваат турските медиуми, Карарслан се посветила на социјалните мрежи и станала инфлуенсерка. Толку добро се снајде во таа улога што остварува големи приходи – наводно преку претплати и ексклузивна содржина месечно заработува околу 55.000 евра, односно околу 660.000 евра годишно.
Во февруари 2025 година, среде, како што самата кажа, „најтешките и најболни две години од животот“, на социјалните мрежи гордо објави фотографија.
Магистрирала спортски менаџмент на престижниот универзитет „Мармара“, со одличен просек од 3.90 (максимумот е 4.00). Таа објава не беше само вест за академски успех, туку и силна порака до сите што ја следат.



