Ја напушти Барса и продолжи да тоне, следна станица – Хетафе?
Д М27 дек 2023

Заборавениот играч за врска на Барселона, Ајлиш Мориба е блиску до потпис за Хатфе.
Мориба е дете на Барселона, дебитираше со Роналд Куман, но потоа побара трансфер и заврши во РБ Лајпциг.
Но, и таму не се наметна и не го покажа својот талент, па замина на позајмица во Валенсија, но ниту на „Местаља“ не успеа да добие поважна улога.
Тој има договор со РБ Лајпциг до летото 2026 година, но германскиот клуб сака по секоја цена да се ослободи од него.
Сега го бара само Хозе Бордалас во неговиот Хетафе, па постојат сите шанси наскоро да се договори.
Мориба има 20 години, но практично потроши две сезони и сега бара нова шанса…
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



