SportM
Фудбал

Ја освоија 20-тата титула, па веднаш потврдија: Интер со две засилувања!

E R23 апр 2024
Ја освоија 20-тата титула, па веднаш потврдија: Интер со две засилувања!

Фото: tv21m

Помалку од 24 часа откако го освои скудетото, новиот италијански шампион Интер објави денеска дека договорил две засилување во летниот преоден рок.

„Речиси го финализиравме трансферот на двајца играчи за следната сезона“, изјави спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, цитиран од италијанските медиуми.

Според новинарот Фабрицио Романо, станува збор за напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зелински. Договорете двајцата фудбалери со нивните сегашни клубови истекуваат на лето и обајцата можат да преминат во Интер без обесштетување.

Интер изминатата вечер го совлада градскиот ривал Милан со 2:1 во 33. коло од италијанскиот шампионат и ја освои шампионската титула на пет кола до крајот на сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.