SportM
Фудбал

Јамал и Рафиња, без конкуренција во Европа

SPORTM.mk2 ное 2026
Јамал и Рафиња, без конкуренција во Европа

Барселона постигна 46 гола на 11 натпревари во Ла Лига, а дуото Ламин Јамал-Рафиња се претвори во машинерија за голови и асистенции. Во 14 натпревари, 11 во првенството и 3 во Лигата на шампионите, тие заедно забележаа 29 гола и 14 асистенции, што значи 43 директни придонеси во головите.

Рафиња постигна 17 гола и имаше 3 асистенции на 12 натпревари, додека Јамал брои 12 гола и 11 асистенции на 14 натпревари. Во првенството, двајцата постигнаа по 2 гола во последната победа против Алавес.

Ниту едно друго дуо од големите европски клубови не се приближува до овие бројки:
Баерн Минхен: Кејн и Олисе – 16 гола.
Манчестер Сити: Холанд и Черки – 18 гола.
Реал Мадрид: Мбапе и Гулер – 18 гола.
ПСЖ: Феран Торес и Дембеле – 11 гола.
Интер: Лаутаро и Турам – 11 гола.

Јамал предводи во асистенциите и создавање шанси, додека Рафиња се истакнува и со притисокот и движењата без топка. Барселона располага со две од најстрашните оружја во европскиот фудбал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.