Тен Хаг за Манчестер Јунајтед: Испаѓањето од Премиер лигата сезонава е можно!

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, вели дека испаѓањето од Премиер лигата е сосема можно оваа сезона, гледајќи ја тешката ситуација низ која минуваат ‘црвените ѓаволи’.
Манчестер Јунајтед е над зоната за испаѓање само благодарение на разликата во голови и имаат освоено само две победи во сите натпреварувања оваа сезона. Единствената нивна победа во Премиер лигата беше против Ипсвич, на 30 август.
Во текот на двете и пол години на чело на Манчестер Јунајтед, тренерот Тен Хаг освои Карабао Куп и ФА Куп, но сега предупреди дека испаѓањето, прво за клубот од 1974 година, може да се случи.
„Во Премиер лигата ова е сосема можно, бидејќи сите тимови се навистина силни. Сите се силни екипи, со одлични тренери. И ако се најдете на погрешната страна, влегувајќи во таа лоша серија, тогаш ситуацијата може да стане многу тешка“, изјави Тен Хаг.



