SportM
Фудбал

Јануари ќе биде пеколен: Погледнете го најдобриот тим на играчи кои моментално се без клуб

Д М8 дек 2020
Јануари ќе биде пеколен: Погледнете го најдобриот тим на играчи кои моментално се без клуб

Јануарскиот преоден рок од оваа сезона сигурно ќе биде многу поинтересен отколку во претходните години.

Имено, поради финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на корона, многу клубови беа принудени да отпуштат некои од играчите за кои инаку бараа одредена отштета.

Затоа, овој јануари, ќе имаме голем број на слободни играчи на пазарот, што ќе биде одлична можност за некои клубови да донесат еден од играчите целосно бесплатно.

Зимскиот преоден рок започнува на 1 јануари, а веќе има многу „сериозни“ играчи кои се без клуб и бараат нов ангажман. Дури и најдобриот тим беше составен од фудбалери кои во моментот се без клуб.

Во тимот се: Нилан, Валенсија, Гарај, Јанмат, Рамирес, Кагеја, Вилшер, Родригез, Халк, Манџукиќ и Стариџ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.