SportM
Фудбал

Јапонците се чудо, истрчаа да слават на улица, па кога се запали црвено светло, ги снема за неколку секунди (ВИДЕО)

Редакција15 јун 2026
Јапонците се чудо, истрчаа да слават на улица, па кога се запали црвено светло, ги снема за неколку секунди (ВИДЕО)

Светот уште еднаш остана фасциниран од неверојатната дисциплина и култура на јапонските навивачи. Откако репрезентацијата на Јапонија во драматична завршница успеа да освои бод и да ремизира со резултат 2:2 против фаворизираната Холандија на Светското првенство, улиците на Токио „експлодираа“ од воодушевување, но на сосема специфичен, „јапонски“ начин. По израмнувачкиот гол, стотици еуфорични навивачи се упатија кон Шибуја Кросинг, најпознатата и најфреквентна пешачка раскрсница во светот, за да го прослават погодокот. Се вееја знамиња, се скокаше и се пееше, а атмосферата на момент изгледаше како во било кој друг фудбалски мегаполис.

Меѓутоа, она што се случи во следните моменти стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Спонтаното навивачко лудило на самата раскрсница траеше точно 40 секунди.

Зошто токму толку? Затоа што пешачкиот семафор држеше зелено светло точно 40 секунди. Во моментот кога на семафорот се запали црвено светло за пешаци, толпата без никакви инциденти, турканици или полициска интервенција, во целосен ред и мир се повлече назад на тротоарите..

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.