Јас не обожавам никого, дури ни Лионел Меси, капитенот на Бенин со неочекувана изјава пред дуелот со Аргентина

Ноќеска после полноќ, Аргентина ќе се соочи со Бенин во пријателски натпревар, кој има големо значење бидејќи ќе биде последен пат кога Лионел Меси ќе го носи дресот на својата репрезентација.
Вo пресрет на оваа средба, капитенот на Бенин, Стив Муни, даде силна изјава за локалните медиуми.
„Јас имам страст за фудбалот и ми се допаѓа да ги гледам добрите играчи како играат, да набљудувам колку извонредно добро играат тие. Кога сум играл против големи играчи, никогаш не сум ја барал нивната маица. Јас не обожавам никого, дури ни Лионел Меси“, рече Муни.
Пријателскиот натпревар против Аргентина ќе биде пробен тест за Бенин, пред тие да ја продолжат квалификациската кампања за Африканскиот куп на нации. За самиот капитен, фокусот моментално останува на опоравувањето од повредата, додека се стреми да се врати во форма и во Аугсбург, дел од кој е од 2024 година, но минатата сезона бил на заем во Аланјаспор.



