SportM
Фудбал

Јасна порака од Лацио: Оваа сезона мора да заврши или ќе одиме на суд, а тоа би уништило следната сезона

Д М15 апр 2020
Јасна порака од Лацио: Оваа сезона мора да заврши или ќе одиме на суд, а тоа би уништило следната сезона

Во Италија, вонредната состојба неодамна беше продолжена до 3 мај поради пандемија на коронавирус.

Италија беше најтешко погодена во Европа и беше во фокусна точка. Но, бројот на новозаразени од корона веќе опаѓа, а состојбата на Апенините од ден на ден се подобрува.

Се очекува клубовите да имаат дозвола да започнат со тренинзи веќе на 4 мај, во овој случај се очекува да продолжи и Серија А на крајот на мај. Иако сè уште има шпекулации дека првенството би можело да биде прекинато, јасно е дека скоро никој не го сака тоа.

Една сугестија беше да се заврши сезоната според моменталната состојба, значи Јувентус повторно ќе ја освои титулата. Прв тим што гласаше против ова е од Лацио, кој е на само еден бод зад „Старата дама“.

Тие испратија јасна порака дека сезоната мора да продолжи или ќе одат на суд. Портпаролот на Лацио, Артуро Дијаконале изјави дека одењето на суд би ја уништила следната сезона, што секако не е во интерес на никого.

„Ако оваа сезона не заврши по природен пат, тогаш следната ќе биде уништена затоа што ќе одиме на суд. Се надеваме дека теренот ќе одлучи кој ќе слави а кој ќе изгуби. Кој ќе оди во рајот а кој во пеколот. Ако сезоната сега се прекине, сигурно ќе одиме на суд и тоа нема да му направи ништо добро на никој и следната сезона ќе биде уништена“, рече Диаконале.

Јасно е зошто сакаат сезоната да продолжи во Лацио, затоа што конечно се во позиција да се борат за Скудетото. Римскиот клуб играше една од најдобрите сезони во последните дваесет години и тие веруваат дека можат да го симнат Јуве од тронот и да дојдат до титулата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.