Connect with us

Фудбал

Јирген Клоп го избра својот кандидат за Златната топка

Сосема е јасно дека Лионел Меси нема повторно да ја освои Златната топка по разочарувачката сезона во ПСЖ.

Франс Фудбал одлучи да го смени форматот околу изборот на добитник на Златната топка и оваа престижна награда во иднина ќе се доделува врз основа на учинокот во текот на сезоната, а не според календарската година како што беше случај досега.

Според многумина, прв фаворит за освојување на Златната топка е Карим Бензема, кој игра блескаво во дресот на Реал Мадрид, но Садио Мане секако е подеднакво квалитетен.

 

Одличниот Сенегалец брилјира во дресот на Ливерпул, а со голот против Виљареал во полуфиналето стана Африканецот со најмногу голови (14) во мечевите од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Мане е кандидатот на Јирген Клоп за освојување на Златната топка, под услов „црвените“ да го подигнат пехарот од Лигата на шампионите во воздух.

 

„Садио Мане ја заслужува Златната топка? Ако Меси и Роналдо не се тука, треба да ја освоите Лигата на шампионите, дајте ни неколку недели…“ – изјави Клоп.

 

Инаку, Мане и „црвените“ се на пат да ја освојат четворната круна бидејќи тимот од „Енфилд“ е во игра за освојување на Лигата на шампионите, ПЛ и ФА Купот по освојувањето на Карабао купот.

 

Овој 30-годишен играч игра фантастична сезона. Тој е на прагот од 20 гола, од кои многу беа клучни за победите на „црвените“. На своето конто има и три асистенции.

 

И во 2019 година, кога Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, тој беше во потесниот избор за освојување на Златната топка, а потоа заврши на четвртото место зад Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

 

 

 

 

Реклама

Facebook