Јокиќ го повреди коленото, за се е виновен неговиот соиграч (ВИДЕО)
E R30 дек 2025

Јокиќ се повреди три секунди пред крајот на првото полувреме, и тоа на прилично необичен начин.
Стоеше под кошот и тргна да му помогне на Спенсер Џонс во чувањето на Хаиме Хакес, кој се упати кон кошот.
Џонс не забележа дека Јокиќ е пред него и токму во моментот кога српскиот центар зачекори напред, истовремено неговиот соиграч направи чекор наназад и згазна на неговата нога. Веднаш потоа Јокиќ падна на паркетот и со болна гримаса на лицето се фати за левото колено.
Јокиќ ќе направи магнетна резонанца штом ќе спласне отокот, а тоа би требало да се случи во наредните десетина часа, по што ќе се знае степенот на неговата повреда и периодот во кој ќе мора да паузира.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



